Џихадистите му се заканија на австралискиот премиер

Сиднеј, 21 октомври 2014 (МИА) - Австралиски тинејџер, кој побегнал од дома и им се приклучил на џихадистите во Ирак и Сирија, денеска преку видео снимка на Исламска држава (ИД) порача дека нивната борба нема да запре се додека „нивното знаме не се развиори во секоја земја“.

Абдула Елмир (17), чиј псевдоним е Абу Калед, во видео записот објавен на интернет, му се обраќа на австралискиот премиер Тони Абот со порака дека тие имаат оружје, војници и дека нема да престанат со борбите, објави весникот „Сиднеј морнинг хералд“.

- Нема да го положиме оружјето се додека не ја освоиме вашата земја и додека не ја отсечеме главата на секој тиранин и додека црното знаме (на Исламска држава) не се развиори високо во секоја земја, порача Елмир, чие семејство е од Бенкстоун, југозападно предградие на Сиднеј.

Портпаролот на австралискиот премиер одговори дека на видео снимката се гледа опасноста од ИД.

- Како што премиерот кажа во многу прилики, ИД е закана која досега до Австралија и нашите сојузници и партнери. Затоа Австралија се приклучи кон коалицијата, за да се разбие и уништи ИД во Ирак, и на нашите сили за спроведување на законот и на безбедносните агенции им дава овластувања и ресурси кои им се потребни со цел Австралија и Австралијанците да ги направи што е можно побезбедни, наведе портпарокот на премиерот.

Австралија минатиот месец го зголеми нивото на безбедност заради опасноста од тероризам, пред се, заради се поголемата загриженост од враќање на џихадистите на континентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...