Пекинг најави

„Важен состанок’’ меѓу претседателите на Кина и Ј. Кореја

Сеул, 22 октомври 2014 (МИА) - Поранешниот министер за надворешни работи на Кина, Танг Џиаксуан денеска во Сеул најави дека на почетокот на ноември во Пекинг ќе се одржи „важен состанок’’ меѓу кинескиот претседател Кси Џинпинг и претседателката на Јужна Кореја Парк Геун-хие.

Според проценките на аналитичарите во Сеул, двајцата претседатели ќе потпишат повеќе билатерални спогодби меѓу Кина и Јужна Кореја, но поважно од тоа ќе бидат разговорите за состојбите на поделениот Корејски Полуостров.

Кина е најзначајниот политички партнер и поддржувач на Северна Кореја, а нејзината дипломатија подолго време е директно вклучена во посредување за решавање на споровите меѓу Сеул и Пјонгјанг.

Јужнокорејанските електронски медиуми најавената средба на Парк со кинескиот претседател најчесто ја доведуваат во врска со можните преговори на високи државни и воени претставници на двете Кореи, чиј почеток се најавува за крајов на овој месец,

Како придонес на Сеул за нормализација на односите со Пјонгјанг се истакнува забраната на властите за пуштање балони со пораки од јужната кон северната држава на Полуостровот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...