Сириските сили уништиле два од трите авиони грабнати од ИД

Дамаск, 22 октомври 2014 (МИА)  - Сириските воздухопловни сили уништиле два од трите авиони што екстремистите од групата Исламска држава минатата недела ги грабнаа и искористија за пробен лет над Алепо, соопшти сирискиот министер за информирање Омран ал-Зуби.

За сириската државна телевизија Ал-Зуби изјави дека владините сили ги гаѓале авионите при нивното спуштање на пистата во воздухопловната  база Џара, во источниот дел од провинцијата Алепо.

Министерот додаде дека сириското Воено воздухопловство трага по третиот авион.

Сириските активисти во петокот соопштија дека екстремистите од ИД со три борбени авиони МиГ летеле над базата Џара, а во тоа им помогнале поранешни пилоти на ирачкото Воздухопловство.

Овие извештаи не можеа да бидат потврдени од независен извор.

Американски претставници соопштија дека не располагаат со информации дека екстремистите од ИД летале со авионите како поддршка на своите борци во Ирак и Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...