Северна Кореја го ослободи Џефри Фаул

Сеул, 22 октомври 2014 (МИА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг  Ун го ослободи Џефри Фаул, еден од тројцата приведени Американци во Пјонгјанг, „земајќи ги предвид повеќекратните апели на претседателот на САД Барак Обама“.

Фаул беше уапсен во мај за тоа дека ја оставил Библијата во морнарски клуб, додека патувал како турист во Северна Кореја.

- Криминалецот беше предаден на американската страна согласно надлежната правна процедура, наведува севернокорејската информативна агенција.

 Фаул беше ослободен неочекувано вчера и пристигна во САД со американски владин авион.

Државниот секретар на САД Џон Кери рече дека ослободувањето на Фаул се случило, без да бидат предлагани какви и да било компензации во замена, и изрази надеж дека преговорите со Северна Кореја по нуклеарното прашање може наскоро да бидат обновени.

Кери рече дека САД одржуваат врска со семејствата и на другите двајца приведени Американци - Кенет Бе и Метју Милер, и изјави дека се надева оти тие исто така ќе бидат ослободени во скоро време.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...