Идентификуван напаѓачот на канадскиот Парламент

Канадските власти го идентификуваа извршителот на вчерашниот напад на канадскиот Парламент. Тоа е 32-годишниот канадски државјанин Мајкл Захаф-Бибо, на кого неодамна му бил одземен пасошот, бидејќи разузнавачките служби го сметале за „патник со висок ризик“, изјавиле канадски официјални претставници за весникот „Глоуб енд мејл“.

Слично на мажот, кој уби со автомобил еден војник во предградие на Монтреал, и Зехаф-Бибо се наоѓал на списокот со 90 Канаѓани, кои се осомничени за организирање напади во земјата.

Отава неодамна повика да се внимава на евентуални радикални дејствија на нејзина територија, откако земјата се вклучи во меѓународната коалиција, предводена од САД, во борбата против групата Исламска држава (ИД) во Ирак.

Канадската полиција не сакала да шпекулира за мотивите на вчерашниот напад, во кој покрај напаѓачот загина и еден војник.

Канадскиот премиер Стивен Харпер остро го осуди нападот, нагласувајќи дека станува збор вандалски чин и оти е важно во моментот да се зачува функционирањето на Владата и Парламентот.

Тој се наоѓал во Парламентот и разговарал со пратениците во моментот кога напаѓачот влегол во зградата, по што отворил оган врз војникот, кој го чувал споменикот во близина.

Војникот им подлегнал на повредите, а напаѓачот е убиен од полициските сили кои биле во потрага по него низ зградата на Парламентот. Во престрелката бил повреден и еден припадник на обезбедувањето на законодавниот дом, додека најмалку три лица биле пренесени во болница.

Истрели се слушнале и во трговскиот центар кој се наоѓал во близина на Парламентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...