Борци на „Боко Харам“ грабнале најмалку 60 жени во североисточна Нигерија

Абуџа, 23 октомври 2014 (МИА) - Борци на исламистичката група „Боко Харам“ грабнале најмалку 60 жени и девојчиња во нигериската држава Адамава, пренесе ТАСС, цитирајќи ги локалните медиуми.

Стотици вооружени екстремисти со мотоцикли и камиончиња пристигнале во неколку села во североисточниот дел на земјата, каде ги нападнале локалните жители, палејќи им ги куќите и грабнувајќи им ги жените и ќерките.

Од мај 2013 година во државите Адамава, Борно и Јобе е воведена вонредна состојба. Локалните жители и натаму ги  напуштаат регионите под контрола на екстремистите.

За последните пет години веќе има над 10.000 жртви на теророт на „Боко Харам“ во Нигерија,а околу 700.000 лица се принудени да ги напуштат своите домови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...