Прв случај на ебола во Њујорк

Њујорк, 24 октомври 2014 (МИА) - Лекар, кој неодамна се вратил во Њујорк од Западна Африка, каде работел со пациенти заразени од ебола, имал позитивни резултати на извршените анализи за смртоносниот вирус, соопштија претставници на локалните власти.



Ова е прв случај на ебола во оваа светска метропола.

Докторот Крејг Спенсер, работел во Гвинеја за организацијата „Лекари без граници“. Тој се вратил во САД пред повеќе од една недела, а вчера е соопштено дека бил хоспитализиран во Њујорк со треска и стомачни проблеми.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио го потврди овој случај и се обиде да ги смири жителите, истакнувајќи дека нема причина за паника. Тој додаде дека при лекувањето на Спенсер се преземаат конкретни правила.

Центарот за контрола и превенција на болести, кој ќе направи дополнителни тестирања, со цел да ги потврди првичните резултати, испратил свој тим во Њујорк, а здравствените власти во градот се во потрага по луѓето со кои заразениот имал контакт.

Здравствениот комесар на Њујорк, Мери Басет изјави дека вереницата на лекарот и двајца негови пријатели биле ставени во карантин, но засега не покажуваат симптоми на ебола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...