ОН бараат 2,2 милијарди долари помош на Ирак

Багдад, 24 октомври 2014 (МИА) - Обединетите нации побараа одделување на 2,2 милијарди долари помош за 5,2 милиони луѓе погодени од судирите во Ирак.

- Потребите на ирачкото население се големи, изјави во Багдад координаторот на Обединетите нации за хуманитарни прашања во Ирак, Нил Рајт.

Тој наведе дека во Ирак има 1,8 милиони раселени лица, како и дека 1,7 милиони луѓе живеат во региони кои се зафатени од судири и се надвор од контрола на ирачките власти.

- За околу 2,8 милиони луѓе потребна е помош во храна, а за 800.000 итно е потребно сместување, истакна Рајт, додавајќи дека во услови кога зимата е на самиот праг, во планинските предели, каде што се наоѓаат поголемиот дел од раселените лица, се очекува намалување на температурата.

Според податоците на ОН, освен 1,8 милиони раселени Ирачани, на ирачка територија се наоѓаат и уште најмалку 200.000 бегалци од Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...