Напаѓачот од Отава дејствувал сам и не бил поврзан со напаѓачот во Квебек

Отава, 24 октомври 2014 (МИА) - Канадската полиција соопшти дека напаѓачот од средата во главниот град Отава, Мајкл Зехаф-Бибо, дејствувал сам и очигледно немал врски со извршителот на понеделничкиот напад во провинцијата Квебек, Мартен Руло.

Зехаф-Бибо, кој уби војник кај воениот меморијален споменик, а потоа го нападна Парламентот, каде беше застрелан, бил канадски државјанин, но можно е да имал и либиско државјанство, изјави полицијата.

Руло, кој со својот автомобил удри во двајца војници, од кои едниот почина, исто така беше застрелан.

- Немаме информация за врска меѓу двата напада од оваа недела, изјави началникот на полицијата Боб Полсон.

Според полицијата, Зехаф-Бибо имал намера да замине за Сирија и за таа цел сакал да му биде издаден пасош. Пред неколку години тој преминал во ислам и се залагал за радикални идеи, а канадските власти му го одзеле пасошот за да не може да патува во странство и да и се приклучи на некоја терористичка организација.

Полицијата соопшти дека и покрај претходно појавените информации, Зехаф-Бибо не бил вклучен на безбедносниот список со 90-тина набљудувани потенцијално опасни лица од страна на властите, кои можат да заминат во странство за да се приклучат кон терористички организации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...