Во Мали потврден првиот случај на ебола Бамако, 24 октомври 2014 (МИА) Властите во Мали соопштија дека го потврдиле првиот случај на ебола во земјата.
Според Министерството за здравство на Мали, пациентот е двегодишно девојче, кое пред извесно време пристигнало од соседна Гвинеја.
На овој начин Мали станува шестата западноафриканска држава во која е пронајдено присуството на вирусот од смртоносната болст ебола.
|