Со секира нападнати полицајци

Њујорк, 24 октомври 2014 (МИА) - Засега непознат напаѓач со секира нападнал група од четворица њујоршки полицајци додека позирале да се фотографираат, при што повредил двајца, од кои едниот се наоѓа во критична состојба. По инцидентот напаѓачот бил убиен.

- Полицајците патролирале пеш, кога еден фотограф ги замолил да позираат за фотографирање во улицата „Квинс“. Во непосредна близина еден човек ненадејно почнал да замавнува со секира и го удрил еден од полицајците во десната рака, а потоа уште еден го погодил в глава, изјавил портпарол на полицијата.

Другите двајца полицајци отвориле оган и го убиле напаѓачот, кој има околу 32 години, но неговиот идентитет се уште не е потврден.

Еден случаен минувач бил повреден од заталкан куршум, по што веднаш бил префрлен во болница и опериран.

- Се уште не е утврден мотивот за нападот, истакна полицискиот комесар Вилијам Бретон.

Полицијата не сака да ги коментира медиумските тврдења дека нападот е поврзан со тероризам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...