При воздушни напади уништено оружје на ИД во Ирак

Париз, 24 октомври 2014 (МИА) - Минатата ноќ француски воени авиони уништиле 12 објекти во Ирак, во кои биле сместени арсенали со оружје на борците на групата Исламска држава, соопшти началникот на Генералштабот на француските Вооружени сили, генерал Пјер де Вили.

Авиони-ловци од типот „Рафал“ исфрлиле 70 бомби врз 12 објекти, уништувајќи ги целосно, изјави Де Вили, без да ги прецизира местата на нападот.

Франција беше прва земја која се вклучи во коалцијата предводена од САД, за спроведување на операцијата против бунтовниците од Исламската држава, но сега најави дека од овој месец  ќе го зајакне интензитетот на воздушните напади во Ирак.

Освен во нападите и разузнувачките воени мисии, Франција е вклучена и во обука на локалните ирачки сили, како и во испорака на опрема на курдските милитанти во северниот дел на земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...