Петмина војници убиени, 16 повредени во напад на Синајскиот полуостров

Каиро, 24 октомври 2014 (МИА) - Најмалку петмина војници се убиени, а 16 ранети во напад со автомобил-бомба на Синајскиот полуостров во Египет, во близина на границата со Појасот Газа и Израел, соопштија силите за безбедност.

Напаѓачот-самоубиец го разнел возилото во армиски контролен пункт во граничниот реон Карм ал Кауадес.

Властите очекуваат бројот на жртвите да се зголеми, бидејќи повредените се во тешка состојба.

Бомбашкиот напад бил насочен врз воен конвој на оклопни возила, што се движел кон реонот Ел Харуба североисточно од градот Ел Ариш, во близина до границата со Појасот Газа.

Очевидци претходно соопштија дека попладнето слушнале силна експлозија во близина до Ел Ариш и претпоставиле дека станува збор за напад врз воен објект.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...