Либискиот парламент е подготвен да преговара со алтернативната влада

Триполи, 30 октомври 2014 (МИА) - Меѓународно признатиот либиски премиер Абдулах ал Тани изјави дека е подготвен за мировни преговори со властите во Триполи, откако во нови судири во Бенгази животот го загубија над 20 лица. 

Либија има две влади и два парламенти, откако милиции во август годинава го преземаа главниот град Триполи, создавајќи сопствен кабинет и народно собрание. Меѓународно признатата влада се состанува во градот Тобрук. 

Ал Тани постави само еден услов за преговорите со втората Влада. - Отвораме врата за дијалог со нашите браќа под услов, дека ќе има отстапки од сите страни, изјави тој пред медиумите во Картум, пред крајот на тридневната посета на Судан. 

Либија е на работ од граѓанска војна, бидејќи властите се премногу слаби за да ги контролираат бунтовниците, кои помогнаа во соборување на Моамер Гадафи во 2011 година и кои сега ги оспоруваат државните власти, земајќи дел од приходите од нафта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...