Во САД може да има уште случаи на ебола

Вашингтон, 30 октомври 2014 (МИА) - На територијата на САД може да се појават уште случаи на ебола, се додека не биде уништено жариштето во западна Африка, предупреди американскиот претседател Барак Обама.

- Важно е САД и меѓународната заедница да го спречат ширењето на ебола од жариштето во Африка, рече Обама од Белата куќа.

Тој истакна дека дотогаш во САД може да продолжат да се појавуваат поединечни случаи на заболени. - Не можеме херметички да се затвориме, посочи Обама.

Претседателот на САД изјави дека американскиот здравствен систем се покажал како способен за да се справи со случаите на заболени Американци.

- Лекарите и сестрите, кои се борат со еболата во западна Африка се американски херои, на кои треба да им се укаже потребната почит, рече Обама.

Тој истакна дека тие не треба да бидат обесхрабрени со ограничувачки мерки, со кои ќе бидат изолирани по враќањето.

Во меѓувреме властите на Калифорнија воведоа 21-дневен карантин за лицата кои пристигнуваат од западна Африка, доколку имале контакт со заболени од ебола. Оваа мерка веќе е воведена во сојузните држави Њу Џерси, Њујорк и Илиноис.

Од ебола досега починаа над пет илјади лица во западна Африка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...