Владата на Буркина Фасо го суспедира гласањето за уставниот амандаман за неограничен мандат на претседателот

Уагадугу, 30 октомври 2014 (МИА) - Владата на Буркина Фасо одлучи да го суспендира денешното гласање за контроверзниот уставен амандман, за неограничен мандат на претседателот на оваа африканска држава, откако избувнаа масовни протести на улиците на главниот град Уагадугу кои прерасна во улични немири и безредија.

Продемократските демонстранти прво упаднаа во зградата на Парламентот, во обид да го спречат гласањето, а потоа ги запалија законските документи, предизвикувајќи голем пожар во зградата.

Гневните демонстранти продолжија со уништување и крадење на компјутерите и комјутерската опрема во зградата на Паламентот, а подоцна ги запалија и службените возила што стоеја паркирани пред Парламентот.

- Ова е голем ден за Буркина Фасо. Ова е „Црната пролет“ за нашата земја, онака како „Арапската пролет“ беше за земјите од арапскиот свет, изјави за Би-Би-Си еден од организаторите на протестите.

Демонстрантите се противат на изгласувањето на амандманот што ќе му овозможи на актуелниот претседател Блез Кампаоре да остане и понатаму на власт, иако претседателската функција ја има веќе 27 години.Тој веќе има зад себе четири изборни победи,сите означени како сомнителни и контроверзни, а планираше следната година одново да се кандидира.

Опозицијата смета дека веќе е доста и дека 27 години се сосема доволно за него, па бараат избори на кои ќе се појават нови лица. Лидерите на опозицијата бараат граѓанска непослушност за да се одврати владата од намерата да му подари уште еден мандат на Кампаоре.

Овој поранешен министер на власт дојде до убиството на неговиот претходник Томас Санкара, кој во 1987 година беше убиен под мистериозни околности. Кампаоре го наследи, а потоа си обезбеди победа на четири едноподруго претседателски избори. Во 2000 година, со уставен амандман беше овозможено претседателот да се избира на повеќе од два мандати, а мандатот од четири се продолжи на пет години.

Демонстрантите денеска ја нападна и ја освоија и зградата на државната телевизија, предизвикувајќи прекин на програмата, за да не може повеќе,како што велат да се „произведуваат лажни вести“.

Буркина Фасо е созјузник на Франција и на САД во борбата со тероризмот во Сахел, а земјата се користи како база за операции против исламските милитанти во регонот под Сахара.

Официјален Париз, како и ЕУ и САД побараа од Кампаоре да се откаже од намерата за пети претседателски мандат.

Засега не се знае дали суспендирањето на денешното гласање е привремена мерка, или владата трајно го повлекува предлог амандамнот за неограничен претседателски мандат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...