ИД планира убивање цивили на Запад со ебола

Мадрид, 31 октомври 2014 (МИА) - Шпанскиот државен секретар за безбедност Франциско Мартинез предупреди дека Исламска држава (ИД) ги повикува приврзаниците да убиваат цивили на Запад со сите можни средства, вклучително употреба на вирусот ебола како хемиско оружје, пренесува британскиот весник „Дејли меил“. 

Мартинез, втор човек во командниот синџир на шпанското Министерство за внатрешни работи, наведува три специјални случаи во кои млади џихадисти поврзани со ИД користеле „соби за чет“ на интернет и сериозно разговарале за можноста од користење на смртоносниот вирус и други отрови како нови терористички методи, пренесува весникот. 

Според Мартинез во разговор меѓу симпатизери на ИД кон средината на септември се споменува употреба на ебола како оружје против САД. Во друг пресретнат разговор екстремисти разгледувале како најдобро да употребат смртоносни хемиски производи украдени од лабораторија. 

Портпаролот на терористичката група ги повикал приврзаниците да убиваат цивили на Запад со сите можни средства, истакнува Мартинез. 

Шпанскиот функционер пред пратениците во парламентот изјави дека екстремистите користат „соби за чет“ за барање најдобар начин за извршување терористички напади, како и дека екстремисти од ИД го гледаат интернетот како можност за проширување на бојното поле, наведува „Дејли меил“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...