„Исламска држава“ продава нафта на режимот на Асад и на Дубаи

Анкара, 31 октомври 2014 (МИА) - Групата „Исламска држава“ продава нафта на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, како и на Дубаи, пишува турскиот весник „Сабах“, повикувајќи се на информации од различни извори.

Во исто време провладиното издание ги отфрлува тврдењата на турските медиуми, поврзани со „парламентарната структура“ на проповедникот Фетулах Ѓулен, дека ИД продавала на Турција нафта од заземените наоѓалишта во Ирак и во Сирија.

Весникот „Сабах“ се повикува на податоци на истражувачката комисија за продажба на нафта од ИД, составена по наредба на претседателот на автономната област Ирачки Курдистан Масуд Барзани, како и на информација на турското и ирачкото разузнавање.

Според тие извори, групата ИД продава голем дел од нафтата на режимот на Асад. Дел од нафтата добиена во Ирак, пак е продавана преку курдски посредници на Иран, од каде била извезувана за Дубаи.

Весникот „Сабах“ пишува дека „Исламска држава“ во моментот веројатно е најбогата терористичка организација во светот.

Весникот потсетува дека уште при преземањето на ирачкиот град Мосул во јуни, ИД зела од централната банка 429 милиони долари. Од продажбата на нафта од заземените наоѓалиѓта пак, групата профитира по еден милион долари дневно. ИД ги контролира и полињата со пченица во Ирак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...