Најмалку 15 луѓе загинаа во напади во близина на Багдад

Багдад, 31 октомври 2014 (МИА) - Најмалку 15 луѓе се убиени, а десетици се повредени во експлозии на неколку пазари во близина на Багдад, а истовремено безбедносните сили успеале да ја вратат контролата врз некои делови на стратешкиот сунитски град Беиџи. 

По синоќешните жестоки судири ирачките сили успеале да ги одалечат џихадистите од јужните делови на Беиџи. Овој град го зазедоа екстремистите на Исламска држава (ИД) на почетокот на јуни, но ирачките сили успеаjа да ја сочуваат рафинеријата на нафта.

Во експлозијата на сточниот пазар во багдатскиот дистрикт Сувеиб загинаа пет лица, а 13 се повредени, додека во нападот во трговската улица во дистриктот Радавни се убиени две лица, а деветмина повредени.

На пазарот во градот Мадајн, јужно од Багдад, при експлозија загинаа четири лица и 11 се повредени.

Експлозија избувна и на пазар во Јусифијан, 20 километри јужно од Багдад, каде четворица загинаа, а 10 луѓе се повредени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...