ВИДЕО: Масакр во синагога во Ерусалим (обновено)

Ерусалим, 18 ноември 2014 (МИА) - Четворица Израелци загинаа утрово при напад врз синагога во Ерусалим извршен од страна на двајца Палестинци, кои потоа беа убиени од полицијата, изјави портпаролката на полицијата Луба Самри.

Според неа, двајцата терористи влегле во синагогата во квартот Хар Ноф. Тие ги нападнале верниците со секира и пиштол, при што четворица се убиени. При интервенција на полицијата биле застрелани и двајцата напаѓачи. Во инцидентот повредени се двајца полицајци и четворица верници.

Хар Ноф е кварт во Западен Ерусалим, населен со ултраортодоксни Евреи.

Нападот се случува по вчерашниот повик на радикални палестински групи, меѓу кои и Хамас, за одмазда, откако пред два дена еден палестински возач на автобус бил пронајден обесен во возилото на градски паркинг.

Полицијата соопшти дека 32-годишниот Јусеф ал Рамуни извршил самоубиство, додека палестински експерт, кој учествувал во аутопсијата, изјави дека причина за смртта е задушување од бесењето, но изрази сомнеж дека тој тоа го направил сам. Семејството на возачот тврди дека бил убиен од радикални Евреи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...