Колумбија и ФАРК се договориле околу условите за ослободување на генералот

Богота, 20 ноември 2014 (МИА) - Колумбиската Влада и бунтовничката група Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК) постигнале договор за ослободување на генералот, чие киднапирање ги загрози мировните преговори кои се водат две години.

По киднапирањето во неделата на генералот Рубен Дарио Алсате и уште две лица, колумбиската Влада ги прекина преговорите, кои имаат за цел да се реши 50-годишниот конфликт.

Земјите, кои ги помагаат преговорите, денеска соопштија дека е постигнат договор за ослободување на генералот и уште четворица киднапирани, но детали не се соопштени.

Во заедничката изјава на Куба, Норвешка, Венецуела и Чиле се наведува дека генералот Алсате и други четири лица ќе бидат ослободени што е можно побрзо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...