Во Ерусалим се организираат доброволци во Граѓанска заштитаЕрусалим, 20 ноември 2014 (МИА) - Локалната власт во Ерусалим објави дека бара доброволци за служба во Граѓанска заштита, по последните терористички напади во градот каде ситуацијата е исклучително тензична.
Пред два дена по напад во синагога во Ерусалим загинаа пет луѓе.
Досега во Граѓанската заштита се пријавиле речиси 300 доброволци.
Во дел од градинките во градот веќе е поставено вооружено обезбедување. Во Ашкелон во јужен Израел, градските власти забранија арапи да работат во детски градинки.
|