Снежната покривка во Бафало достигна 2,4 метри

Бафало, 20 ноември 2014 (МИА) - Нови интензивни врнежи од снег ја погодија американската сојузна држава Њујорк,  а особено е тешка ситуацијата во градот Бафало кој е речиси „заробен“ од снег, чија височина достигна повеќе од 2,4 метри.

Метеоролозите предвидуваат врнежите од снег да продолжат и во следните денови. Поради невремето најмалку седум луѓе ги загубија животите во североисточниот дел на САД, од кои петмина во Бафало, а две лица во државите Њу Хемпшир и Мичиген. 

На главниот државен автопат „блокирани“ се повеќе од 100 автомобили а луѓето речиси и да не можат да излезат од своите куќи. Голем број училишта се затворени, јавуваат американски медиуми.

Женскиот кошаркарски тим на Универзитетот Нијагара е заглавен во автобус речиси 30 часа. Метеоролозите најавија дека денеска се очекуваат нови снежни врнежи кои може да ја зголемат снежната покривка за уште еден метар.

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо рече дека врнежите од снег се „историски настан“ и оти таа снежна бура ќе ги надмине сите досегашни рекорди.

Повеќе од 100 припадници на Националната гарда помагаат во расчистување на снегот на патиштата.

Од саботата досега поради невремето ширум САД животот го загубија над 20 луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...