Deutsche Welle

Русија со две лица

Надворешно-политичкиoт курс на Москва со месеци е загатка. Многу политички потези на Путин потсетуваат на царскиот порив за експанзионизам и советските хегемонијални стремежи, смета Кристијан Трипе.

Рускиот орел има две глави: Едниот гледа на лево, другиот на десно. Грбот е прастар, исто така и други нации го имаат двоглавиот орел на својот штит. Но само симболиката на рускиот двоглав орел ги оправдува случувањата во кризната дипломатија овие недели: Рускиот орел гледа кон запад и кон исток. Тој е симбол за земја која лавира меѓу два геополитички пола.

Во вторникот рускиот министер за надворешни работи говореше пред Думата, долниот дом на рускиот парламент. Тој се изјасни по меѓународната состојба, по состојбата во Русија и за кризата во Украина. На Лавров му успеа дипломатско уметничко дело на распонот исток-запад. Тој ги пофали односите меѓу Москва и Пекинг. Истовремено Лавров истакна дека односите со Европската унија немаат друга алтернатива. Притоа Лавров многу добро знае, дека неговата земја е таа, која со месеци ги става на испит овие односи. Значи Лавров тврдеше дека Западот бил виновен за кризата во Украина.

Мешавина од дрска лага и невиност

Повторно руското раководство си ги мие рацете во невиност и го превртува причинско-последичниот синџир. Претседателот Путин неодамна се дрзна со формулацијата, „борците за слобода“ во Донбас ќе ги нашле своите тенкови и хаубици. Оваа мешавина од дрски лаги и однос на прогонувана невиност деновиве внатрешно ги вади од такт партнерите со кои разговара руското раководство.

Константното негирање на очигледното - значи масовната поддршка на сепаратистите во источна Украина од страна на руската војска - фатално потсетува на политичкиот стил на Советскиот сојуз. Грубото надворешно-политичко однесување на Москва се гледа ако се фрли поглед наназад: Тоа делува како мешавина од порив за експанзионизам и советските хегемонијални стремежи.

Страв од Москва

Дури и во земјите пријателски настроени кон Русија како Казахстан во меѓувреме се шири непријатност. Од Путин оркестрираната Евроазиска економска унија би можела сепак да биде само помошно средство за да се создадат политички вазали и да се изврши економска доминантност, за ова постои загриженост. Во многу земји кои некогаш припаѓале кон империјата - дали во црвениот или во царскиот период - повторно има дифузен страв од Москва: на Балтикот, на Кавказот и во централна Азија.

Германската канцеларка Ангела Меркел неодамна јасно ги наведе очигледно политичките цели за моќ на Русија. Нејзиниот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер три дена подоцна се обиде во Москва да фати нова нит за разговори во Кремљ. Оваа двојна стратегија се чини дека е усогласена меѓу двајцата. Во Кремљ, централата на моќта под двоглавиот орел Штајнмајер предупреди од поделба на Европа, од ново изолирање на истокот и западот.

Русија сака да се позиционира како трета сила меѓу истокот и западот. Меѓутоа западот се чини е сѐ повеќе нерасположен за двоглавиот настап и нескриената политика на моќ на Москва. Во Русија веќе можат да се чујат гласини дека земјата ќе биде истисната од Европа и изолирана од западот. Понекогаш пишувањето легенди им предничи на случувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...