Џакарта, 21 ноември 2014 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска поморското подрачје 150 километри северозападно од островот Теренте, во рамки на Молучкиот архипелаг, соопшти американскиот Геолошки институт.
Земјотресот се случил на длабочина од десет километри.
Пацифичкиот центар за предупредување за цунами соопшти дека засега не е издадено предупредување за цунами.
Молучките Острови во саботата ги погоди земјотрес со интензитет од 7,3 степени.