Во Турција секој државен универзитет ќе има џамија

Дирекцијата за религиозни прашања при турската Влада синоќа најави дека ќе гради џамии во кампусот на секој државен универзитет во земјата.

- Во процес на градење се џамии во повеќе од 80 универзитети. Петнаесет од нив се веќе отворени за верниците и ќе отвориме 50 други во текот на 2015 година, изјави Мехмет Гурмез, шеф на Дирекцијата за религиозни прашања.

- Има 20 милиони млади луѓе во нашата земја и ние сакаме да можеме да стигнеме до секој од нив, објасни Гурмез, цитиран од Анадолија.

Според него, имамите кои примаат плата од владата согласно законите во Турција, ќе бидат одговорни во секоја џамија да понудат помош на младите кои се во тешка ситуацијата.

- Ние придаваме голема важност на џамиите во универзитетите. Тие се единствениот начин да се вратат џамиите во животот, градовите и срцата на нашите луѓе, потенцира Гурмез.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...