На игралиште во Кливленд

Полицаец уби тинејџер што се заканувал со лажен пиштол

Кливленд, 24 ноември 2014 (МИА) - Полицаец на игралиште во американскиот град Кливленд уби 12-годишно момче бидејќи мавтал со пиштол, за кој подоцна се покажало дека не е вистински, јави Би-Би-Си.

Полицаецот испукал два куршуми во детето, откако тоа одбило да ја послуша наредбата да се предаде и да ги крене рацете во воздух.

Момчето било пријавено во полиција преку телефон дека им се заканува на луѓе со пиштол, но дека не е познато дали станува збор за вистинско оружје.

Според соопштението на полицијата, момчето е погодено со два истрели од огнено оружје и е пренесено во болница, каде починало од повредите.

- Момчето не го вперило пиштолот, ниту се заканувало директно на полицијата, се наведува во соопштението.

Пиштолот на детето изгледал како вистинско полуавтоматско оружје, бидејќи била отстранета безбедносната портокалова лента.

Двајца полицајци се суспендирани, а истрагата е во тек.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...