САС извршувале борбени операции во Ирак против ИД

Лондон, 24 ноември 2014 (МИА) - Британската елитна борбена единица САС извршувалa тајни мисии во Ирак во кои се убиени стотина припадници на џихадисти на групата Исламска држава, пишува британскиот весник „Мејл он сандеј“.

Извори од британското Министерство за одбрана претходно објавија дека припадници на САС, елитна единицана британската армија, биле вклучени само во неборбени мисии.

Сепак, освен извидничка улога во Ирак, САС учествувале и во елиминација на припадници на исламската ИС, наведува „Мејл он сандеј“.

Британскиот весник објави дека САС со помош на дронови идентификувале потенцијални цели, по што војници со повеќенаменски хеликоптери „Чинук“ се оставани во близина на целите. Во некои од акциите се користени и лесни возила, поради големата бука што ја прават овие летала.

„Мејл он сандеј“ наведува дека такви мисии се вршени речиси секојдневно во изминатите четири недели и често се вршени во текот на ноќта со цел да бидат изненадени борците на ИД. Дневно во мисиите биле ликвидирани до осум борци на ИД.

Британскиот весник пишува дека се очекува пролетна офанзива на ИД идната година, предводена од американски и британски команданти. Во рамките на тоа 300 британски експерти обучуваат ирачки и курдски сили за борбени мисии, со тоа што се очекува британски војници да не учествуваат во овие борбени дејствија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...