Хилари Клинтон би била извонредна како претседател на САД

Вашингтон, 24 ноември 2014 (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама изјави дека некогашната прва дама на САД и поранешен секретар на Стејт департментот, Хилари Клинтон би била „извонредна“ како иден претседател, доколку таа одлучи да се кандидира за изборите во 2016 година.

Во интервју за АБЦ-Њуз, Обама за првпат призна дека во времето додека заедно беа во американската админстрација,тој и Клинтон не се согласувале за сите работи и прашања, но актуелниот претседател на САД смета дека тоа може да биде добро за гласачите, по неговите осум години во Белата Куќа.

Хилари Клинтон, како сопруга на поранешниот претседател Бил Клинтон, осум години беше првата дама на САД. По заминувањето од Белата Куќа и пензионирањето на нејзиниот сопруг, беше избрана за сенатор на сојузната држава Њујорк. Во 2008 година, таа не успеа да ја добие номинацијата на Демократската партија на САД за претседателските избори таа година, откако беѓе поразена од Обама.

Кога Обама беше избран за претседател, Клинтон прифати да биде во неговата админстрација, како државен секретар, задолжена за надворешните работи.

Хилари Клинтон, која сега има 67 години, се очекува во почетокот од идната година, да соопшти дали одново ќе се вклучи во претседателската трака за изборите во ноември 2016.

Изјавата на претседателот Обама доаѓа по бројните прилози во американските медиуми околу тоа дека доколку Хилари Клинтон се одлучи да се вклучи во трката за Белата Куќа, таа ќе мора да се дистанцира себе си од актуелнот претседател, а посебно од неговата политика на внатрешен и на надворешно политички план.

- Не се согласуваме за сите работи,но ние сме пријатели, рече Обама во интервјуто за АБЦ. Тој навести дека повеќемина политичари од редивите на американските демократи имаат намера да учествуваат во изборниот процес за иден претседател на САД, но сепак,ја спомена само Хилари Клинтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...