Најмалку 11 рудари загинаа во рудник за јаглен во Кина

Пекинг, 27 ноември 2014 (МИА)  - Најмалку 11 рудари загинаа во експлозија што се случила во рудникот за јаглен Сонглин, на југот на Кина, соопштија денеска кинеските медиуми.

Експлозијата се случила рано утринава во југозападната провинција Гуејџоу, додека 19 рудари работеле во рудникот, јави Ксинхуа.

Несреќата ја преживеале осуммина рудари, а како што информираат кинеските медиуми, во тек се акцијата на спасување и истрагата за причините за екплозијата.

Несреќата се случи еден ден по пожарот во рудникот за јаглен во кинеската провинција Лиаонинг, на североисток од земјата, во кој настрадаа 26 рудари, додека 52 беа повредени.

Минатата година во Кина беа регистрирани 589 инциденти во рудниците и во нив, според  официјални податоци, погинаа или беа исчезнати 1.049 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...