ВИДЕО: Пукале без предупредување

Кливленд, 27 ноември 2014 (МИА) - Полицијата во Кливленд објави денеска видео-снимка на која се гледа како полицајците во неделата 12-годишниот Афроамериканец Тамир Рајс го убиле за неколку секунди по доаѓањето до рекреативниот центар, а при тоа три пати го предупредиле да ги крене рацете горе.

На снимката се гледа како детето си игра со пластичен пиштол, одвреме на време разговара на мобилен телефон и на поголемиот дел од снимката изгледа како дете, кое се досадува и се шета по детското игралиште за време на невообичаеното топло ноемвриско попладне.

На еден дел од снимката се гледа дека момчето седи на маса за пикник и во еден момент станува, додека од десната страна му приоѓа полициски автомобил, се отвора вратата на совозачот и полицаецот оттаму пука кон него на оддалеченост од помалку од три метри.

Ен-Би-Си њус јави дека нема тонска снимка, но претставникот на полицијата Ед Томб изјави дека полицаецот три пати побарал од момчето да ги крене рацете горе.

Според американските медиуми, на репликата на пиштолот немало портокалова ознака, која укажува на тоа дека пиштолот не е вистински, а ниту диспечерот на полициската патрола не ги пренел зборовите на јавувачот дека најверојатно во прашање е играчка.

Соопштен е идентитетот на полицаецот, кој го убил Тамир. Станува збор за Томоти Леман, за кого се наведува дека е 26-годишен почетник, кој почнал да работи во кливлендската полиција во март. Другиот полицаец во патролата бил 46-годишниот Френк Гармбек, кој во полициското одделение работи од 2008 година. Двајцата се на платено отсуство се додека обвинителот не одлучи дали ќе покрене обвинение против нив.

Томб истакна дека снимката е објавена на барање на семејството на момчето, кое почина во Кливлендската болница.

Во соопштението на семејството се нагласува дека оваа ситуација би можела да биде избегната.

Убиството на момчето во Охајо се случи во момент кога во САД се одржуваат протести поради одлуката на Големата порота да не покренува кривична постапка против полицаецот, кој го уби невооруженото 18-годишно момче Мајкл Браун во Фергусон во државата Мисури, на 9 август оваа година.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...