Демонстрантите ја попречувале парадата по повод Денот на благодарноста

Њујорк, 28 ноември 2014 (МИА) - Група активисти, незадоволни од одлуката да не се покрене обвиение против полицаецот Дарен Вилсон за убиство на невооружениот тинејџер Афроамериканец, Мајкл Браун, ја попречија вчера традиционалната парада по повод Денот на благодарноста, при што полицијата упаси најмалку седуммина демонстранти. 

Активистите уште завчера ги објавија своите планови за попречување на традиционалната парада по повод Денот на благодарноста, во рамките на која илјадници маскирани учесници во свечената поворка минуваат низ улиците на Менхетен, придружувани со музика. 

Весникот „Њујорк пост“ пишува дека повеќе десетици активисти во средата се собраа на една локација во центарот на Менхетен, со цел да го разработат планот за попречување на парадата. 

- Полицијата нема да не уапси и нема да пука кон нас, изјавил за весникот организаторот на акцијата за попречување. 

Парадата по повод Денот на благодарноста секоја година во живо се пренесува на американската телевизија, а ја следат милиони гледачи ширум светот. 

На социјалната мрежа Твитер се појави информација дека њујоршката полиција побарала од телевизиските станици да не ги пренесуваат протестите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...