ОН: Вонредна состојба во Газа поради поплави

Њујорк, 28 ноември 2014 (МИА) - Агенцијата на Обединети нации за палестински бегалци (УНРВА) прогласи вонредна состојба во Газа поради поплавите што го зафатија градот по неколкудневните поројни дождови. 

- Стотици жители на поплавените подрачја во северниот дел на Газа, од населбата Шеик Радван, се евакуирани од своите домови, се наведува во соопштението. 

Во појасот Газа околу 100.000 Палестинци се уште немаат покрив над глава, три месеци по прекинот на огнот со кој се стави крај на 50-дневниот крвав судир меѓу Израел и Хамас, а изградбата на нови домови се уште не е почната. 

Засега во областите во Газа зафатени од поплавите нема жртви, но ситуацијата е тешка, поради што УНРВА почна со испорака на гориво за општините, медицинските установи и постројките за снабдување со вода. 

Претставникот на УНРВА Роберт Тарнер изјави дека агенцијата е многу загрижена поради обилните врнежи на почетокот на сезоната, како и разурнувањата и штетите за време на неодамнешниот конфликт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...