Индија го олеснува визниот режим

за да го поттикне домашниот туризам

Њу Делхи, 28 ноември 2014 (МИА) - Владата на Индија одлучи да го олесни режимот за добивање виза, па државјаните од 43 земји во светот индиската виза да може да ја подигнат при влегувањето во земјата, наместо како досега да мора да аплицираат во некое од индиските конзуларни претставништва.
 
Намерата на владата во Њу Делхи е со овој потег, да се поттикне туризмот во Индија и да се зголеми бројот на странските посетители.
 
Новиот режим за добивање виза се однесува за државјаните од САД, Австралија, Бразил, Германија, Јапонија, кои наместо да чекаат во ред, ќе може да аплицираат преку интернет, а визата за туристички патувања, за посета на роднина или пријател, или за лекување, влезната виза ќе може да ја подигнат на некои од аеродромите во Индија, при пристигнувањето во оваа земја.
 
Визите ќе може да се подигнат на само девет главни индиски аеродроми.
 
Со ова олеснување се опфатени и државјаните на уште 38 други држави, најголемиот дел од нив од реонот на Југоисточна Азија и Океанија. Од земјите на Блискиот Исток се опфатени Јордан, Оман, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Израел и Палестина. Од африканските земји, само две-Кенија и Џибути, додека од Европа, покрај Германија, уште и Финска и Норвешка, Луксембург, како и Русија и Украина.
 
Индискиот министер за туризам, Махеш Шарма изјави дека со оваа мерка, Владата има намера да му покаже на светот дека Индија се отвара кон светот.
 
Според податоците на Министерството за туризам, во 2012 година оваа голема азиска земја ја посетиле 6,2 милиони странски гости.
 
Тоа претставува раст во споредба со претходните години, но е значително помалку од бројот на туристите и гостите кои истата таа година ги посетиле помалите азиски и јужноазиски земји, или земјите какви што се Тајланд и Малезија.
 
Претходно, државјаните од само 12 земји во светот можеа да добијат индиска виза при влегувањето во Индија. За сите другите, кои не се меѓу определените 43 држави, останува досегашниот режим на аплицирање. За индиска виза обично се чека по неколку недели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...