На државните службеници во Индонезија репрезентацијата им е намалена на „пристоен минимум“

Џакарта, 28 ноември 2014 (МИА) - Во Индонезија денеска во сила стапи декретот на владата според кој на државните службеници им се воведени големи ограничувања на репрезентацијата и ограничување на бројот на поканети гости на еден прием на најмногу 400 лица.

Почнувајќи од министрите, па до локалните претставници на власта, според овој декрет, на приемите што ги организираат не ќе смеат да порачуваат скапа, особено не хотелска, храна, а на трпезите ќе се наоѓаат и традиционални јадења што се продаваат и на улица - каша, варена пченка и слатки од овошје.

Одлуката за вакви рестрикции ја иницира новиот претседател на Индонезија Јоко Видодо, познат по скромноста на понудената храна на неговите приеми кога, до изборот за претседател, беше гувернер на провинцијата Џакарта. Само од намалувањето на трошоците за организирање на приеми и свечености во провинцијата со која раководеше Видодо биле остварени заштеди од кои провинцискиот буџет за други намени можел да одвои друи 20 посто повеќе средства.

Во Џакарта и другите административни центри приемите што до сега се организираа беа, најчесто, со ексклузивна храна, а големиот број поканети гости при доаѓањето и заминувањето правеа метеж во сообраќајот.

Ограничувањето на бројката на 400 гости по еден прием не е по волја на функционерите, но предизвика бранови одобрување и зголемување на популарноста на и онака популарниот шеф на индонезиската држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...