Сиднеј, 15 декември2014 (МИА) - Австралиската полиција соопшти дека е во преговори со вооружен маж кој држи заложници во кафеана во Сиднеј, но не укажа за неговите мотиви.
Претходно локални телевизии прикажаа инсерти како тројца од киднапираните бегаат од објектот.
Полициски претставник не прецизира колку лица се во кафеаната, но само рече дека „не се повеќе од 30“. Засега полицијата нема информации дали некој од киднапираните настрадал.
Десетици полицајци ја опколија кафеаната Линд на плоштадот Мартин во центарот на Сиднеј каде пред околу шест часа почна заложничката криза. Од еден од прозорците на објектот се гледа црно знаме со натпис на арапски јазик.