Куба го ослободи американскиот затвореник Ален Грос

Вашингтон, 17 декември 2014 (МИА) - Властите во Куба и САД се договорија околу ослободувањето на затворениот Американец Алан Грос, кој веќе пет години се наоѓаше во еден кубански затвор, соопштено е во Вашингтон.

Грос (65) беше обвинет и осуден затоа што затоа што им помагал на Кубанците „илегално да се прикачат“ на интернет за да бидат надвор од контролата на мрежата.

Американскиот осуденик веќе ја напуштил територјата на Куба со еден специјален владин авион, испратен од САД во Хавана.

Еден американски дипломат чиј идентитет не се открива, изјавил дека Грос е ослободен врз „хуманитарна основа“.

Двете соседни земји немаат ниаккви дипломатски односи веќе педесетина години, иако меѓу Хавана и Мајами, во Флорида има само 150 километри. За 18 часот по македонско време најавено е важно соопштение од американскиот претседател Барак Обама и кубанскиот претстадател Раул Кастро за меѓусебните односи.

Апсењето на Ален ГРос пред пет години ги поткопа надежите дека би можело да дојде до обнова на дипломатските врски меѓу овој комунистички остров и САД, по повлекувањето на долгогодишниот кубански лидер Фидел Кастро.

Но, по се изгледа се затоплуваат нивните меѓусебни односи, за што говори и фактот дека Куба ослободи и уште еден извор на американското разузнавање.

Од своја страна, САД ослободија тројца агенти од кубанските разузнавачки служби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...