САД нема да ја поддржат новата палестинска предлог-резолуцијаВашингтон, 18 декември 2014 (МИА) - САД нема да ја поддржат палестинската предлог-резолуција поднесена во Советот за безбедност на ОН, соопшти портпаролот на Стејт департментот Џен Саки.
Американските дипломати се запознати со тексот, објасни таа и дополни: Тоа не е нешто кое ние би го поддржале, пренесува БТА.
Според неа, и други земји го споделуваат американското мислење.
|