Ракета истрелана од Газа падна на територијата на Израел

Тел Авив, 19 декември 2014 (МИА) - Ракета истрелана од Појасот Газа денеска падна во јужен Израел, во близина на границата, првпат од септември, соопшти армијата.

Сирените за воздушна тревога се огласија во регионот Ешкол, кој се граничи со палестинската територија, пренесува Танјуг. Израелските медиуми објавија дека ракетата паднала на отворен простор и не предизвикала штета. Во септември ракетата падна на граничната ограда.

Израел летово седум недели војуваше против Хамас, исламистичката организација која ја контролира Газа. Хамас тогаш истрела илјадници ракети и гранати кон Израел.

Израелската армија ги нападна позициите на Хамас од воздух, од море и од копно. Повеќе од 1.200 Палестинци загинаа, 66 израелски војници и шест цивили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...