С.Кореја е виновна за хакерскиот напад врз филмското студио „Сони“

Вашингтон, 19 декември 2014 (МИА) - Американското Федерално истражно биро (ФБИ) официјално ја обвини Северна Кореја (КНДР) за хакерскиот напад врз филмското студио „Сони“ (Sony) на крајот на ноември, пренесоа светските агенции.

 „ФБИ има доволно докази да заклучи дека севернокорејската Влада е одговорна за овие дејствија. Нападот врз „Сони“ не е прифатливо поведение за една држава“, се наведува во соопштението на американската агенција.

Постапките и инфраструктурата, искористени при нападот, го носат печатот на Северна Кореја, забележуваат британските медиуми.

ФБИ подвлекува дека овој кибер напад се разликува од претходните по својата големина и степен на закана.

Соопштението на Федералното истражно биро е првото, кое Северна Кореја ја поврзува со кибер нападот.

Администрацијата на претседателот Барак Обама претходно одбиваше отворено да ја обвини оваа изолирана комунистичка земја, наведувајќи дека ги разгледува варијантите за одговор, посочуваат американските медиуми.

Безбедносниот упад доведе до откривање на десетици илјади електронски писма и други материјали и доведе до терористички закани, кои го  поттикнаа „Сони“ да ја откаже премиерата на филмот „Убиствено интервју“ (The Interview) - комедија во која севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на крајот ќе биде убиен.

Во одговор на обвиненијата на американскиот претставник за нападот врз филмското студио „Сони“, Кина денеска соопшти дека не ја поддржува незаконската кибер активност на своја територија. Службеници на кинеската Амбасада во Вашингтон, освен тоа, ги повикаа САД своите докази за случајот да ги споделат со јавноста.

Претходно денеска претставник на американските власти изјави дека 
е откриена можна кинеска врска со кибер нападот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...