Обама ја оцени 2014 како успешна година за САД

Вашингтон, 19 декември 2014 (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека САД постигнале успех во 2014 година, истакнувајаќи го намалувањето на невработеноста, растот на бројот на Американци со здравствено осигурување и историското дипломатско отворање кон Куба. 

Обама, исто така, го истакна сопственото дејствување и договорот со Кина за борба против глобалното затоплување, пренесува Танјуг. 

Американскиот претседател го поздрави напорот на американското Министерство за финансии кое ги продаде последните инвестиции за финансиски спас на Волстрит, како и дека воената мисија во Авганистан наскоро ќе биде завршена. 

Според Обама компанијата „Сони Пикчрс“ донела погрешна одлука со повлекувањето на комедијата „Интервју“ за Северна Кореја по заканите од хакерски напади. 

- Имам разбирање за проблемите со кои се соочуваат. Имајќи го тоа во предвид, кажувам дека направија грешка. Не можеме да бидеме општество во кое некој диктатор може да наметнува цензура, изјави Обама. 

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Белата куќа одржа конференција за новинари пред да замине на одмор на Хаваи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...