Пентагон одобри испраќање на 1.300 војници во советодавната мисија во ИракВашингтон, 20 декември 2014 (МИА) - САД ќе испратат уште 1.300 војници во Ирак, почнувајќи од јануари следната година, соопшти вчера американското Министерство за одбрана.
- Распоредувањето на војниците е согласно одлуката, која минатиот месец ја донесе претседателот Барак Обама за испраќање на дополнителни 1.500 војници, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
- Нивната задача е да обучуваат, советуваат и да им помагаат на ирачките сили за безбедност, рече тој.
|