Северна Кореја најави зголемување на нуклеарниот потенцијал

Пјонгјанг, 20 декември 2014 (МИА) – Северна Кореја, како одговор на непријателскиот став на САД кон оваа држава, ќе го зголеми својот нуклеарен потенцијал, изјави денеска порпаролот на Министерството за надворешни работи во Пјонјанг.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА додава дека најавата е одговор на заканите кон Северна Кореја според кои Меѓународен кривичен суд треба да почне процес поради кршење на човековите права.

- САД сакаат да ја окупираат нашата земја под превез на заштита на човековите права, а кога ова ни стана јасно денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров како идеја веќе не е валидна, се вели во соопштението на севернокорејанското Министерство за надворешни работи.

Реакцијата од Пјонгјанг дојде по инсистирањето на САД Советот за безбедност на Обединетите нации да го стави на дневен ред извештајот за човековите права во Северна Кореја, објавен во февруари годинава. Во тој извештај се наведени бројни кршења на човекови права, вклучувајќи масовни затвори, систематска тортура со изгладнување и убиства на противниците на режимот кои се споредуваат со ерата на нацистичкото масовно убивање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...