Бан ги пофали американскиот и кубанскиот претседател

Бамако, 21 декември 2014 (МИА) - Генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун го пофали американскиот претседател Барак Обама поради храброста и визијата по повод нормализација на односите со Куба и апелираше Вашингтон да го задржи таквиот курс.

Бан посочи дека кубанскиот претседател Раул Кастро, во овој случај, се покажа како добар лидер.

- Многу ми е драго што конечно одлучија да се согласат, истакна Бан при неговата посета на Мали.

Генералниот секретар на ОН ја пофали и хуманоста на Куба која испрати стотици здравствени работници во западноафриканските држави да се борат против еболата.

Откако Куба во средата го ослободи американскиот хуманитаерен работник Алан Грос, во текот на размената на заробеници со САД, Обама најави обновување на дипломатските односи со Куба, ублажување на економските санкции и рестрикции за патувања.

- Изолацијата не дејствуваше. Време е за нов пристап, посочи Обама.

Во исто време Кастро ги поздрави новите односи со САД.

Пред обраќањата двајцата претседатели телефонски разговараа повеќе од 45 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...