Предупредувања за полицијата во САД по убиствата на двајца полициски службеници

Њујорк, 22 декември 2014 (МИА) - Полициските управи во големите градови во САД и раководствата на синдикатите на полициските службеници ги предупредија своите колеги да носат заштитни елеци и да избегнуваат објавување провоцирачки соопштенија на социјалните мрежи.

Овие инструкции се дадени откако маж уби од заседа двајца полицајци во нивното патролно возило.

Напаѓачот Исмаил Бринсли е црномурест Американец, а загинатите припадници на њујоршката полиција се од јужноамериканско и азиско потекло. Истражните органи се обидуваат да утврдат дали Бринсли учествувал во некои од серијата протести ширум САД поради убиствата на Афроамериканците Мајкл Браун и Ерик Гарнер.

По убиствата на двајцата полицајци, синдикалната организација ги предупреди во соопштение полициските службеници да бидат внимателни и да не вршат непотребни апсења, да работат во група од по три лица, да носат заштитни елеци и да се во целосна готовност поради она што се случува околу нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...