Аргентина: Специјалниот државен обвинител Нисман

Пронајден мртов во пресрет на сведочење

Буенос Аирес, 19 јануари 2015 (МИА) - Аргентинскиот специјален обвинител Алберто Нисман, кој минатата недела ја обвини претседателката Кристина Фернандес за прикривање докази во случајот со најсмртоносниот терористички напад во Аргентина во 1994 година, е пронајден мртов во неговата куќа. 

Нисман, кој денеска требаше во врска со своите обвиненија против Фернандес да сведочи зад затворени врати, е пронајден доцна синоќа во бањата на неговиот стан во Буенос Аирес, со прострелна рана на телото, изјави јавната обвинителка Вивијана Фејн. 

- Можам да потврдам дека станува збор за прострелна рана од пиштол со калибар 22, рече Фејн и додаде дека е прерано да се утврди што навистина се случило. 

Нисман пред десет години за специјален државен обвинител беше именуван од покојниот сопруг на Фернандес, тогашниот претседател на Аргентина Нестор Кирхнер, за да раководи со истрагата за бомбашкиот напад од 1994 година врз зградата на Аргентинско-израелското здружение АМИА во Буенос Аирес, во кој загинаа 85 лица, а повредени беа над 200.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...