Ал Каеда подготвува напади врз САД и западните држави

Сана, 21 јануари 2015 (МИА) - Огранокот на Ал Каеда во Јемен, повика на напади во стилот „волк самотник“ врз САД и Западот, во видео-снимка поставена на интернет неколку денови откако групата ја презеде одговорноста за нападите врз редакцијата на „Шарли ебди“ во Париз.

Еден од лидерите на групата, Насер бин Али ал-Анси ги повика своите приврзаниви да покренат „индивидуален џихад“, наведува набљудувачката група СИТЕ, која на интернет ги следи исламистичките екстремисти.

- Подготвени сме и ги ги демнеме непријателите на Алах. Ги поттикнуваме верниците тоа да го направат, истакна Анси.

Во претходната видео-снимка Анси соопшти дека групата Ал Каеда на Арабискиот Полуостров (AQAP) стои зад нападот врз францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, со кој почна тридневното крвопролевање во Франција, при што се убиени 17 луѓе.

Во последното обраќање Анси предлага напади во стилот на „волк самотник“ бидејќи „тие можат да нанесат поголема штета“, но ако тоа се покаже како непрактично приврзаниците треба да ги напуштат западните земји и да не живеат по законите на „неверниците“.

Западните влади наведуваат дека се уште не е јасно дали Ал Каеда на Арабискиот Полуостров раководела со нападите или еден или двајца напаѓачи поминале извесно време со џихадистите во Јемен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...