Реформи во СЗО поради несоодветното реагирање на еболата

Женева, 26 јануари 2015 (МИА) - Неколку десетици земји-членки на Светската здравствена организација (СЗО) ја прифатија резолуцијата со која се предвидуваат реформи во организацијата, по острите критики добиени поради несоодветните реакции на епидемијата на ебола во Западна Африка.

- СЗО која ја имаме, не е СЗО која ни е потребна, изјави Том Фриден, директор на американскиот Центар за контрола и превенција од болести, нагласувајќи дека одлуките во организацијата често пати се донесувани од политички, а не од научни причини.

Генералниот директор на СЗО, Маргарет Чан призна дека оваа организација „премногу бавно го увидела значењето на епидемијата“, која однесе повеќе од 8.600 животи, главно во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Лоренс Гостин, директор на Соработничкиот центар на СЗО за правна регулатива во областа на јавното здравство и човековите права, истакна дека еболата ги открила сите „вродени недостатоци“ на СЗО и дека меѓународната заедница увидела како е кога оваа организација не е во состојба да раководи со ситуацијата.

Со резолуцијата, усвоена од извршниот одбор на СЗО, меѓу другото, се предвидува и создавање на фонд за итни ситуации, со кој ќе се одговори на здравствените кризи во светот. Исто така, предвидено е и формирање резервен тим на здравствени работници, обучени за борба против епидемии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...