ИД го потврди убиството на јапонскиот заложник

Рака, 26 јануари 2015 (МИА) - Џихадистичката група Исламска држава (ИД) потврди дека нејзини припадници го убиле Харуна Јукава, еден од двајцата јапонски заложници.

- ИД ја оствари својата закана. Таа го уби јапонскиот заложник Јукава, откако помина рокот кој го дадовме, соопшти екстремистичката група на радиото Ал-Бајан, кое се слуша на териториите кои се под нејзина контрола во Сирија и Ирак.

- Вториот заложник, Кенџи Гото, бара од своите роднини да извршат притисок врз јапонската Влада за ослободување на нашата сестра Саџида ал-Ришави, која е затворена во Јордан, во замена за своето ослободување, наведува ИД.

Ирачанката Ришави требало да биде еден од бомбашите-самоубијци во тројниот напад врз хотели во јорданскиот главен град Аман на 9 ноември 2005 година, во кои загинаа 60 лица.

Јукава е киднапиран минатото лето, а Гото кон крајот на октомври кога заминал во Сирија со цел да се обиде да го спаси својот пријател Јукава. Џихадистите на 20 јануари објавија снимка од двајцата Јапонци, заканувајќи се дека ќе ги убијат во рок од 72 часа, доколку не им биде исплатен откуп од 200 милиони долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...