Џихадисти на ИД речиси протерани од Кобане

Кобане, 26 јануари 2015 (МИА) - Џихадистите од групата „Исламска држава“ речиси се целосно протерани од сирискиот град Кобане, во близина на границата со Турција, соопштија денеска курдски претставници и активисти. 

Тоа е значителна победа и за курдските борци, но и за меѓународната коалиција предводена од САД, која се бори против групата ИД, пренесува Танјуг.

Опозициската организација Сириска опсерваторија за човекови права и високиот курдски претставник Идрс Насан изјавија дека моментално се водат само спорадични борби во источниот дел на Кобане. 

- ИД е на работ на пораз, изјави Насан, додавајќи дека одбраната на џихадистите е урната и дека екстремистичките борци бегаат. 

Во септември џихадистите заземаа речиси 300 курдски села во близина на Кобане и окупираа околу половина град. Над десетина илјади бегалци од градот преминаа на турска територија. 

Воздушните напади на меѓународната коалиција на позиции на ИД почнаа на 23 септември минатата година. Над 80 отсто од воздушните напади во Сирија се извршени во и околу Кобане. 

Насан изрази очекување дека градот Кобане ќе биде ослободен целосно до вторник. 

Од средината на септември во борби за Кобане загинаа 1.600 лица, вклучително 1.075 борци на ИД, 459 курдски борци и 32 цивили, соопшти на почетокот на јануари Опсерваторијата за човекови права, со седиште во Велика Британија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...